Драгана Мирковиќ е најголем фан на луксузните автомобили, а нејзиниот возен парк изнесува и до 3,5 милиони евра.
Драгана заедно со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ во својот возен парк ги поседуваат најлуксузните модели на „ферари“, „ламбурџини“, „ролс – ројс“, „бентил“. Имаат и неколку автомобили „мајбах“, а се и сопственици на фабриката „Мајхаб купеа“.
Мирковиќ за својот 50ти роденден од директорот на Мерцедес доби автомобил со персонализирани таблички на кои пишува „ДМ 50“. Драгана и Тони се сопственици на автомобили за трки.
Семејството Живојиновиќ поседува возен парк од пола милион евра.
Лепа Брена се пофали дека во својот возен парк има автомобил за сите прилики, па така таа поседува „јагуар“, два џипа со марки „мерцедес“ и „форд“.
„Имаме и автомобил за пазар. Боба не ми дозволува да купам некој мал автомобил бидејќи не се безбедни“ вели пејачката.
Боба и Брена се сопственици и на „бентил“, „ауди РС 3 спортбек“, но и на „мајбах“ кој го купи токму од Драгана Мирковиќ за 150 000 евра.
Сека Алексиќ – подарок од сопругот од 120 000 евра
Сека Алексиќ сака големи автомобили, а за роденден од својот сопруг доби автомобил „мерцедес SLK AMG“ од 120 000 евра, а сега вози бел џип од 120 000 евра.
Саша Поповиќ – за 4 автомобили 350 000 евра
Саша Поповиќ има „BMW i8“ кое чини околу 150 000 евра. Во возниот парк има и „мерцедес GLE 350“ кој чини околу 70 000 евра. Освен тоа тој и има и автомобил “smart“ за шетање и „мерцедес ML 320“.
Дара Бубамара
Дара во својот возен парк има „порше“ вредан 50 000 евра. Исто така има и „мерцедес“, „ренџровер“ и „бмв“.
Цеца Ражнатовиќ – возен парк од 300 000 евра
Фолк ѕвездата обожава џипови. Во својот возен парк има џип „форд,“ , два „ренџровер“, а еден чини 150 000 евра. Исто така има ауди а6, а вкупната цена на нејзините автомобили изнесвуа 300 000 евра.