Фенг шуи учењето тврди дека каков е вашиот дом, такви се и вашите мисли, па затоа е потребно истиот да го средите, доколку сакате да имате убав живот.
Фенг шуи експертите откриваат дека самите ние можеме да ги повикаме среќата и парите во нашиот дом, со правење на неколку едноставни работи за време на празниците, особено божиќните, при што на овој начин, тоа ќе допринесе животот да ни тргне во позитивна насока.
Покрај тоа што е неопходно да имате позитивни мисли, потребно е вашиот дом да го уредите по правилата на оваа источна филозофија, за да ја привлечете сета позитивна енергија на ваша страна.
Потребно е да го исчистите и уредите домот, како што би се рекло, буквално до таванот до подот.
Најпрво, неопходно е да се ослободите и да ги исфрлите сите оние работи, предмети и облека, кои веќе не ги употребувате и носите. Потоа исчистете го домот од сите нечистотии и прашина, при што на овој начин ќе го ослободите домот од непотребниот товар и ќе создадете простор за новите работи.
Исчистениот дом декорирајте го со свеќи, кои е неопходно редовно да ги палите. Од голема важност е да поставите и украси во црвена, виолетова, сребрена и златна нијанса.
Поставете и цветни декорации, за да ја привлечете хармонијата во вашиот дом, но внимавајте да има повеќе осветлен простор и огледала.
Изберете декорација во зелена боја за да го привлечете здравјето, а доколку сакате во новата година да успеете во работното поле, тогаш поставете украси во сина боја, во вашиот дом.
Не заборавајте и на декорациите во црвена боја, бидејќи тие се симбол на страста и љубовта, што значи дека со нивно поставување во вашиот дом, многу лесно ќе го привлечете и успехот на романтичното поле.
извор:нане.мк