Турската актерка Неслихан Атаѓул или попозната како Нихан од „Карасевда“ моментално се подготвува за нова филмска улога.
Убавата Неслихан целото време го посветува на сценариото, а во тоа и помага нејзиниот сопруг Кадир.
Имено, тој во едно телвизиско интервју раскажа една случка, односно недоразбирање кое им се случило неодамна во домот.
Додека Неслихан вежбала за улогата, Кадир се понудул да и помогне и да го игра машкиот лик, а дијалогот од сцената бил жесток што од викањето реагирале и соседите кои им упаднале во домот.
Кога виделе дека само глумат, им станало непријатно што им упаднале и се извиниле.
Кадир потенцираше дека во нивната работа не ретко има вакви недоразбирања, кои понекогаш погрешно се толкуваат.