Радио Милева

Јелена Карлеуша првпат проговори за сите лоши случувања: „Секој ќе си го добие она што го заслужува“

Јелена Карлеуша првпат проговори за сите лоши случувања: „Секој ќе си го добие она што го заслужува“

Оваа година започна бурно за Јелена Карлеуша, па пејачката од еден скандал влегува во друг.

Имено, на почетокот на годината беше објавена нејзината афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш на кого наводно пејачката му праќала експлицитни фотографии.

Исто така беа објавени и преписки од нивни допишувања, а во медиумите често се шпекулира дека пејачката се разведува од својот сопруг, Душко Тошиќ.

Сите овие пишувања, Јелена ги демантираше и истакна дека не се разведува од сопругот , како и дека фотографиите се монтажа.

Потоа, во март почина и нејзината мајка Дивна Карлеуша која и беше најголема поддршка на Јелена.

По сите случувања, Јелена ги тужеше српските медиуми, како и Огњен Врањеш.

фото: Принтскрин/јутуб

Јелена пред некој ден се појави на суд за судењето со српскиот портал „Телеграф“, но таму не беше расположена за коментари.

Меѓутоа, екипата не „Ексклузив“ се упати во студиото на Кошутњак каде што Јелена беше на снимање на „Ѕвездите на Гранд“  и проговори за судењата.

„На кое судење мислиш? Јас имам многу судења, по цел ден сум во судница, некогаш имам и по две судења“ вели Јелена и додава:

„Ако мислиш на човекот кој е задолжен за целиот пекол и хаос кој ми се случува, сите знаеме кој е тоа. Немаше потреба да одам на судење, јас го дадов својот исказ. Што ти е Србија? Некој ќе ти направи толку лоши работи, а потоа те тужи. Секој си го добива она што го заслужува“ вели Карлеуша.

фото: Принтскрин/јутуб

По излегувањето од судот, Јелена Карлеуша го покажа средниот прсте на новинарите, а сега ја прокоментира и оваа ситуација.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jelena-karleusha-go-pokaza-sredniot-prst-na-novinarite-pejachkata-besna-go-napushtila-sudot-kako-da-e-kraj-na-svetot/

„Јас имам пет прсти.  Некогаш ќе покажам еден, некогаш два, некогаш сите пет. Тој среден прст го препознаваат само оние на кои им е наменет“ вели Карлеуша.

Јелена истакна дека овојпат нема да се откаже од тужбите и дека бара затвор и парични казни.

„Ми го загрозија мојот живот, моето семејство, моите деца, последните моменти на мојата мајка поминаа во голем стрес и грижи за мене. Јас тоа не можам да го простам, не да им се одмаздам, туку да си го добијат она што го заслужуваат“ вели Јелена за „Прва.рс“

To top