Сигурно многупати сте ја слушнале изјавата: „Нова година, нова јас“. Без разлика дали сакате да се промените од корен или само да го освежите вашиот изглед, постои една работа која секогаш можете да ја промените, а тоа е вашата фризура.
Во 2017-та година доминираше средната должина на косата, пикси фризурите и залижана коса, но 2018-та нè очекуваат некои нови и многу интересни трендови. Слободно експериментирајте со овие фризури, бидејќи секоја од нив е божествена.
1. Сребрена бринета
Наместо традиционалните тонови во боја на карамела, во 2018-та акцентот ќе биде ставен на сребрените тонови. Оваа фризура е модерна, лесна за одржување и одговара на секоја должина.
2. Боб до брада
Пикси фризурата беше популарна во 2017-та година, но стилистите за 2018-та предвидуваат поголем интерес за боб со должина до брадата. Оваа должина е идеална за оние кои се плашат да не ја скратат премногу својата коса.
3. Супер долга коса
Бијонсе е само една од жените кои ја испробале оваа фризура. Можеби е време да додадете екстензии, бидејќи оваа фризура навистина ќе биде во тренд.
4. Модерна „бушава“ фризура
Ослободете го вашето внатрешно дете со оваа фризура. Таа се состои од шишки со нееднаква должина и разбушавени прамени со должина до рамениците.
5. Ледено руса
Кажете им збогум на топлите руси тонови, бидејќи во 2018-та година ќе се носат само сребрено-бели тонови.
6. Шишки како завеси
Рамните шишки сега засега се дел од минатото. Во 2018-та можете на секој чекор да очекувате подолги шишки, поделени како завеси.
7. Богато црвена боја
Многу светски ѕвезди веќе го прифатиле овој тренд и гордо ги носат своите црвени бранови.
8. Неуредна пунџа
Залижаното коњско опавче повеќе не е во тренд. Наместо него сега се носат опуштени неуредни пунџи со прамени кои го урамуваат лицето.
9. Балајаж во боја на мед
Омбрето повеќе не е во мода и наместо него ќе се носи балајаж со топли, медени тонови.
10. Природни и бујни локни
Оваа фризура најпрво ја забележавме на моделите, па сега е време и ние да ја пробаме. Природните и бујни локни ќе бидат еден од најмасовните трендови за 2018-та година и сите сме воодушевени од нив.
11. Шноли во индустриски стил
Во 2017-та година се носеа разиграни и светкави шноли и стегачи. Во 2018-та година можеме да очекуваме модерни додатоци инспирирани од индустрискиот стил.
12. Лоб
Лоб или долгиот боб беше еден од најголемите трендови во 2017-та година. Добрата вест е тоа што ќе остане на врвот и во 2018-та година.
извор:кафепауза.мк