Сочна и вкусна галета со сезонско овошје…
Замесуваме тесто од наведените состојки. Путерот исечен на коцки треба да е многу ладен исто и водата. Го месиме тестото додека добиеме мазна топка.
Тестото го сучиме во форма на круг, најдобро врз хартијата за печење.
Тестото го мачкаме со мармалад (кај мене мешан мармалад), но внимаваме краевите од кругот да не бидат намачкани.
Крушата и сливите ги миеме и ги сечеме на тенки парчиња, па ги распоредуваме врз мармаладот. Крушата нежно ја наросуваме со цимет.
Слободните краеви од тестотот нежно ги притискаме и вртиме навнатре.Овој дел го премачкуваме со белка од јајце и го наросуваме со ливчиња од бадеми.
Печеме на 200 степени околу 35-40 минути.
Уживајте во вкусот….
извор: готви.мк