Јелена Карлеуша денес во 11 часот имаше закажно судење со Огњен Врањеш.
Меѓутоа, пејачката и нејзиниот адвокатот од судот излегле порано. Како што пишува курир.рс, Јелена во суд се појавила поради некоја друга тужба, а не поради судењето со Врањеш.
Судењето било одложено поради натпревар на босанскиот фудбалер.
Јелена налутено излегла од судот и им го покажа средниот прст на новинарите кои биле присутни за да го проследат настанот.
Карлеуша не била обврзана да присуствува на денешното судење бидејќи претходно била сослушена, а следното судење е закажано за ноември.
Карлеуша за оваа прилика одбра долго бело здолниште и бел џемпер.
За потсетување, аферата Врањеш – Карлеуша започна на почетокот на оваа година кога во медиумите беа објавени експлицитни фотографии кои наводно Јелена ги праќа на босанскиот фудбалер.
Јелена ги демантираше овие пишувања, а ги тужи медиумите и Огњен.