Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ настана вистински хаос и се тоа поради еден кандидат.
Имено, кандидатот Александар Саша Поповиќ од Ниш се претстави пред жирито и публиката, а никој не може да верува дека тоа е неговото вистинско име и презиме, исто како и на директорот на „Гранд“.
Јелена Карлеуша, Вики Миљковиќ и Босанац веднаш почнаа да се шегуваат на сметка на директорот на продукцијата.
„Саша отсекогаш сакав вака да ти се обратам. Скржавец еден. Немаш стил Саша“ изјави Карлеуша, а веднаш потоа продолжи и Босанац:
„Ти немаш појма. Како успеа да дојдеш до тука Саша Поповиќ. Она што ти можеш да ветиш, никој не може да го исполни. Да го намалиш контактот со пејачките“.
Меѓутоа, жирито се шегуваше на сметка на директорот на Поповиќ, а кандидатот Поповиќ доби само добра реклама.