Четиринаесетата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ неодамна започна, а и во оваа сезона ќе има многу македонски кандидати кои се борат за што подобро место и пласман.
Во последната емисија настапуваше македонскиот кандидат Марио Арангеловски од Куманово кој можеби на јавноста му е познат како јутубер односно снимања на видеа со некогашна учесничка во музичкото шоу, Ивона Јовановиќ.
Во последната емисија, Марио прв настапуваше на сцената на „Гранд“, a со неговата појава и енергија тој направи вистинско шоу.
Тој се претстави со песните „Десет млаџа“ од Дино Мерлин и „Ајде иди“ од Здравко Чолиќ.
Марио во текот на втората песна направи вистинско шоу на сцената на „Гранд“, дури ја фрли и вратоврската на сцена, а жирито беше воодушевено од неговата харизма.
По завршувањето на изведбите, Марио доби четири гласа и тоа од Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша и Вики Миљковиќ.
Жирито имаше само пофални збори за Марио, а тој за свој ментор ја одбра Јелена Карлеуша.
Тој прво ја исклучи Ана Бекута за ментор, па јавно и се извини, но потенцираше дека како што може жирито да бира кандидати, така и кандидатите можат да го бираат својот ментор.
„Како што вие може да бирате кандидати ние може да бираме ментори. Со почит кон другите, но јас ја бирам едната и единствена Јелена Карлеуша“ истакна Марио и доби овации и аплауз.
„Браво мајсторе“ истакна Поповиќ поради неговата искреност и што го кажа своето мислење.
Како Јелена заедно со својот тим ќе го подготви Марио за следниот круг останува да видиме.
Неговиот настап може да погледнете во видеото подолу на 4 и 35.
https://www.youtube.com/watch?v=8CESshBn9Ng