Фолк пејачката Сузана Гавазова од неодамна ја промени својата адреса на живееење, па од далечната Шведска реши да си се врати дома, во родната Македонија и заедно со сопругот и двете ќеркички да живеат во Скопје.
Уште додека живееше во странство, пејачката изјавуваше дека не успеала да се навикне и дека постојано посакува да биде на домашен терен, во својата земја. Сега, бидејќи и се исполни посакуваната желба, таа почесто може да го гледа семејството, мајка си, татка си и сестрата, како и останатите блиски роднини, пријтели, колеги …
Сузе деновиве беше заедно со смејството , па бидејќи се собраа сите, таа направи неколку фотографии на Инстаграм за да го овековечи моментот за спомен.
Првин го фотографираше тато, потоа мама и на крај дада.
Родеителите на Сузе досега сме ги виделе неколкупати, но нејзината сестра не.
-Сестра моја ,напиша Гавазова каде позира убавата дама со која неодоливо личат една на друга.
Мама и тато секако беа најсреќни до своите насмеани и весели убавици.