Будимпешта е повторно прогласена за најевтина дестинација кога културно-историските обиколки се во прашање, а еве кој уште се нашол на листата.
“Post Office Travel Money” објавил список за “цените на културата” во различни градови. Во предвид се земени цените за карти за концерти, балет, опера, но и музеи, уметнички галерии и знаменитости.
Влезот во Националниот музеј на Унгарија чини 5,3 евра, а влезот во црквата Свети Матео 6 евра.
За култура вкупно треба да се издвојат 78,11 евра, додека за обиколка на ист број на знаменитости во Мадрид потребно е да се платат 486 евра, во Њујорк 472 евра, а во Милано 426 евра, кои се нашле на местата три најскапи локации.
Милано и Мадрид оваа година бележат најголемо зголемување на цените, и до 30 проценти, за опера, балет и концерти за класична музика.
Прага и Варшава се нашле веднаш по Будимпешта според цените. Во Прага се потребни 115 евра, а во Варшава четири евра повеќе. Стокхолм се нашол на четвртото место, но треба да се нагласи дека влезот во Музејот за модерна уметност е бесплатен, а дека операта и балетот се релативно поевтини.
Лондон и Даблин се единствени градови на списокот во кои не се наплаќа влегување во главните музеи и галерии, но цените за опера и балет се многу високи. За обиколка на културните знаменитости во британската престолнина потребно е да се издвојат 325 евра, а за Даблин 195 евра.
Листа на градови:
Будимпешта – 79 евра
Прага – 115 евра
Варшава – 118 евра
Стокхолм – 179 евра
Москва – 182 евра
Даблин – 195 евра
Брисел – 196 евра
Берлин – 241 евра
Рим – 245 евра
Париз – 272 евра
Амстердам – 285 евра
Барселона – 310 евра
Копенхаген – 310 евра
Лондон – 325 евра
Виена – 326 евра
Милано – 425 евра
Њујорк – 471 евра
Мадрид – 485 евра
извор: точка.мк