Делот од телото со кој го започнувате процесот на туширање, открива многу за вашиот карактер, а еве и што.
1. Коса
Само уметничките и креативни луѓе најпрво ја мијат косата. Сонишата се вашата страст и може да ги постигнете тоа, што повеќето луѓе не го можат. Ви недостасува мала постојаност, но спремни сте да работите неуморно, за да ја постигнете посакуваната цел. Парите воопшто не се важни за вас, а за пријатели ги претпочитате интелектуалците.
2. Гради
Оние кои туширањето го започнуваат со миење на градите се приземни и практични луѓе. Едноставни, чесни и луѓе кои зборуваат директно и отворено. За вас најважна е удобноста и ја мразите неорганизираноста. Исто така, мразите кога некој ве попречува во работата, додека се обидувате да се сконцентрирате, а притоа сте многу нетрпеливи кон луѓето кои не размислуваат на вашиот начин. Добар и верен партнер сте, спремни да се жртвувате за една врска.
3. Лице
За оние кои прво го мијат лицето, парите се од голема важност, при што секогаш се спремни да вложат огромен труд за да ги заработат и добијат. Претпочитате да сте опкружени со луѓе, од кои имате корист. Имате голем број на желби, но исто така и голем потенцијал. Обидете се да бидете малку понежни и подостапни во врската.
4. Раменици
Станува збор за одговорни луѓе. Вие давате сè од себе, кога извршувате некоја работа. Поголемиот дел од времето го поминувате сами, но на овој начин вие ги полните вашите батерии. Осаменоста ви е неопходна, за да го обновите вашиот ум. Парите и моќта не ве привлекуваат многу, а во љубовта сте стабилен и лојален партнер.
извор: Нане