Како дел од Филмскиот фестивал во Лондон, синоќа беше одржена премиера на филмот „The king“.
На црвениот килим се прошета екипата на ова остварување, меѓу нив и младата актерката Лили Роуз Деп, ќерката на актерот на Џони Деп.
Лили позираше во елегантен црно – бела комбинација со која ги собра сите погледи, како на фоторепортерите така и на присутните фанови.
Меѓутоа, Деп имаше проблем со својата креација. Имено, неколку пати ќе и испаднаа градите од креацијата, но таа мораше да реагира на време за да не се случи тоа.
Лили има 20 години, а нејзината мајка е француската пејачка Ванеса Паради која беше 14 години во врска со Џони Деп, од 1998 до 2012 година.
Лили започна актерска кариера кога имаше 15 години.