Учесникот во „Задруга 3“, Лепа Миќа тврди дека Лепа Брена го растурила првиот брак на Милош Бојаниќ и неговата поранешна сопруга Драгица.
Тој тврди дека Милош ја изневерувал Драгица со сегашната сопруга Бранка Бојаниќ, а дека сопственичката на „Гранд“ ја открила оваа афера.
Милош гостуваше во „Радио амнезија“ кое го водат задругари и повторно успеа да го испровоцира цимерот.
Миќа бесен му се закани дека ќе открие семејни тајни.
„Секоја вечер седеше со мене. Ти давав пари за настапи. Јас се колнам. Заколни се во Мики и Бане ако лажам. Ти си гад од човек. Првата жена ја изневери со сегашната сопруга Бранка“, почна Миќа да го разоткрива Милош.
„Бранка работеше како кафе готвачка во „Гранд“. Тој ја изневеруваше сопругата со неа. Додека беше со сопругата и се јави на Бранка, па заборави да ја спушти слушалката. Брена намерно се јави на неговата прва жена, таа ја крена слушалката, а од друга страна беше Бранка. Поради тоа таа се разведе“ вели Миќа.
Бојаниќ објасни дека Миќа го видел само неколку пати во животот.
„Два пати го видов во животот, еднаш во Германија. Втората средба беше во Будва, пееше во едно кафуле неколку пати, а јас таму бев 2 или 3 пати, дури не ни седевме заедно“ изјави Милош.
ПР службата на Лепа Брена истакнала дека пејачката не ги коментира ваквите приказни.
Сопруга на Милош, Бранка даде свој коментар на овие пишувања.
„Немам коментар на тие глупости. Ве молам, разберете ме. Само сакам да се заштитам . Не можам повторно да ја преживувам „Фарма“. Немам коментар на глупостите на Миќа“ изјави сопругата на Милош.