Живот и Стил

Оставила лименка во автомобилот – кога се вратила го видела ова

Оставила лименка во автомобилот – кога се вратила го видела ова

Општо е познато дека лименките кои се полни со аеросоли не смеат да бидат изложени на извори на топлина, но некои не се ни свесни за таа опасност.

Токму на тоа предупредува Кристин Дебрехт од Мисурија чија ќерка во кабината на “хондата“ оставила лименка од шампон. Бидејќи автомобилот бил изложен на сонце цел ден, температурата внатре толку многу се зголемила што лименката експлодирала и како ракета излетала надвор од автомобилот. Освен што запалила голем дел од таблата со команди, го пробила покривот и завршила на тлото 15 метри подалеку.

„Оваа лимнка од шампон за миење на сува коса беше оставена внатре во автомобилот на ќерка ми. Прозорите на автомобилот беа затворени, а вчера беше толку многу топло што таа експлодираше“ – нaпишала Кристин на Фејсбук.


Колкава штета настанала, најдобро покажуваат фотографиите кои Кристин ги споделила на социјалните мрежи за да предупреди на опасноста која ја имаат лименките полни со аеросоли како што се дезодоранс и освежувач за просторија, може да предизвикаат експлозија доколку претерано се загреат.

извор:точка.ком.мк

To top