Радио Милева убавина или здравје?

Бугарската пејачка Марија ја однесе 11 годишната ќеркичка на шминкање, а јавноста ја „растргна“! (ФОТО)

Бугарската пејачка Марија ја однесе 11 годишната ќеркичка на шминкање, а јавноста ја „растргна“! (ФОТО)

Познатата бугарска фолк пејачка Марија, која инаку се претставува како грижлива и посветена мајка, има чудни воспитно-едукативни методи, пренесува бугарска Галерија.

Пејачката  успеа да ја наговори својата 11-годишна ќерка да биде дел од една модна ревија во Бугарија. Она што е уште пострашно е што пред да се појави на сцената, Марија лично ја однесе на професионално шминкање.

Пејачката претходно помина еден час кај врвниот уметник за шминка Кирил Чалаков, иако на малата Мараја не и треба никаква шминка. Иако се обиде да не примени тешка шминка на нежната кожа, Чалаков сепак користеше неколку козметички производи како што се тен, пудра во прав, спирала, сенки и сјај.

За услугата, сепак, Марија потрошила неколку стотици лева. На тоа веднаш реагираа некои мајки како и  одредени дерматолози тврдејќи дека за едно 11-годишно девојче е недопустливо да се шминка, дури и кај професионалец, бидејќи има силен негативен ефект врз деликатната кожа на малечката.

To top