Ќерката на најголемиот балкански шармер и заводник, најпосакуваната регионална музичка ѕвезда Здравко Чолиќ стана полнолетна.
Уна го прославила својот 18-ти роденден во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Ќерката на Чолиќ сподели фотографија на своите инстаграм приказни на која држи балони во рацете во форма на бројот 18, а пријателите и обожавателите на нејзиниот татко и испратија мноштво роденденски честитки.
Ова е ретка можност домашната јавност да може да завири во приватните настани на семејството на пејачот, бидејќи Здравко, покрај неговите песни е познат и по тоа што го чува својот приватен живот, особено семејството, надвор од очите на јавноста.
Да ве потсетиме дека Чола е во брак со Александра од 2001 година, и веќе 19 години тие успеаја да ја одржат својата љубов надвор од интересот на јавноста и медиумите.
Покрај постарата Уна, Чола со својата сопруга ја имаат и помалата ќерка, Лара.