По пет години од популарниот филм „Maleficent“ стигна и негово продолжение Maleficent: Mistress of Evil, а на премиерата на филмот вниманието го украде Анџелина Џоли.
Џоли се појави во друштво на своите пет наследници, Вивијан, Нокс, Захар, Пакс и Шаљо, додека Медокс не се појави поради неговите обврски на факултет.
Актерката најчесто носи црни комбинации, па така беше и овој пат. Џоли се појави во елегантен црн фустан на Версаче, а од кои се гледаа тетоважите, а брошот во облик на шкорпија е во согласност со настанот.
Џоли во мрачната фантазија на Дизни ја глуми злобната вила Малефициент, па затоа и на премиерата се појавила во „мрачно“ и „опасно“ издание.