Контраверзниот Адам Лабунски ни е познат по учествата во регионалните музички шоуа.
Имено, тој прво учествуваше во музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“ каде успеа да се претстави добро до некој круг и да го освои публиката и жирито.
Меѓутоа, откако не доживеа некој преголем успех, повторно одлучи да си ја проба среќата во некое од музичката шоуа, поточно во „Ѕвездите на Гранд“, но ни таму не се прослави.
Имено, Лабунски беше под менторство на Марија Шерифовиќ и заедно се подготвуваа за музичкото шоу.
Меѓутоа, Лабунски беше исфрлен од музичкото шоу поради контраверзното однесување и среде сезона го напушти музичкото натпреварување.
По напуштањето на музичкото шоу, Лабунски уживаше во летниот период и летните денови на разни дестинации.
Меѓутоа, изгледа Лабунски повторно нашол среќа во љубовта, барем ако судиме по фотографиите на социјалните мрежи.
Имено, пред некој ден во кратките приказни на „Инстаграм“, Лабунски сподели видео од „Свети Стефан“ во Црна Гора како се држи за рака со Џејлана Дачиќ, а во описот напиша „Со мојата љубов“.
Од друга страна, самата Џејлана на социјалните мрежи сподели фотографија заедно со Адам, а во описот на истата напиша:
„Вчера, денес, утре, засекогаш.Те сакам“ напиша Џејлана во описот на фотографијата, а веднаш под објавата коментар остави и Лабунски кој напиша: „ те сакам“.
За потсетување, додека беше во „Ѕвездите на Гранд“, Адам беше во врска со српската манекенка Ивана.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ognen-zdravkoski-go-razotkri-adam-labunski-objavi-video-na-koe-razmenuva-neznosti-so-srpska-manekenka/