Радио Милева

Неочекувана изјава: Моника Белучи не го преболе поранешниот сопруг

Неочекувана изјава: Моника Белучи не го преболе поранешниот сопруг

Славната актерка важи за една од најубавите жени во светот, а малкумина знаат дека таа всушност сакала да продолжи да се занимава со право и манекенство.

Таткото на Моника Белучи беше сопственик на компанија за камиони , а нејзината мајка беше сликарка, која поголемиот дел од времето го минуваше дома. Моника започна со моделство на тринаесетгодишна возраст за да го плати своето образование. До 1989 година, таа стана едно од препознатливите лица на париската модна сцена и почна да се појавува на насловните страници на списанија како „Ел“ и да соработува со брендови како „Долче и Габана“.

фото:инстаграм/моника белучи

Студираше право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот се откажа за да се посвети на манекенството. Таа се омажи за фотографот Клаудио Бас во 1990 година, но тие се разведоа после четири години. Откако работеше на неколку италијански телевизии, како и глума во филмови, Белучи се претстави пред американската публика со филмот „Дракула“ во 1992 година.

Во филмот „Апартман“, таа се среќава со Винсент Касел, со кого глуми, а по неколку години тие се венчаа. Додека беа во брак, Винсент и Моника живееја во одделни станови, за да не влезат во рутина и да станат навика на еден со други. И покрај тоа, тие се разведоа во 2013 година.

фото:инстаграм/моника белучи

Откако се разведе од Винсент по тринаесет години брак, таа сфати дека сега не знае што да прави сама, но нагласи и дека љубовта не знае за развод и дека тие може некогаш да се сретнат и да се помират, а многумина со оваа нејзина изјава заклучија дека Моника никогаш не го преболела сега поранешниот сопруг.

Инаку, Винсент повторно се ожени и има дете, додека Моника пред неколку месеци јасно се појави со ново момче.

To top