Живот и Стил

Дневен хороскоп: Петок (27.Септември,2019 година)

Дневен хороскоп: Петок (27.Септември,2019 година)

ОВЕН: Иако имате многу дневни обврски, сепак ќе најдете време да го проширите својот круг на пријатели: средби со личности со кои што не сте се виделе одамна и денес ќе успеете да се опуштите. Не дозволувајте да ве занесат силните страсти, а во однос на работата направете нов и функционален план.

БИК: Ова е одличен период да направите анализа на сите претходни искуства пред да донесете површни одлуки: нема потреба да брзате, бидејќи тоа ионака не е вашето темпо. Донесете свесни решенија и ќе избегнете нечесни игри и битки од зад грб. Одличен ден за регенерација, страст, љубов и сензуални искуства.

БЛИЗНАЦИ: Ако сакате да си ја вратите моќта и да загосопдарите со ситуациите, ќе треба да се запрашате каде давате премногу: не губете време и веднаш започнете да се грижите за своето здравје, емоциите и духот. Важни информации кои што ќе ви соопштат дека сте пред крупни промени. Искористете ги шансите, ова е одличен ден!

РАК: Денес е ден за акција: станете свесни за своите потреби и веднаш ќе најдете сојузник со кој што ќе направите нови договори. Успевате да се изразите на креативен начин, но и да ја вратите виталната сила и да постигнете длабока регенерација. Имате верба дека ќе постигнете добри резултати и тоа е сѐ што ви треба.

ЛАВ: Вашите соништа може да се остварат само ако ја вложите сета своја сила и интелигенција, без оглед какви се ндаворешните услови. Во вашето срце тлее специјална искра, која што го храни духот, а тоа е најважното нешто што еден човек може да го има. Бидете вредни, трпеливи, креативни, но и истрајни. Успех.

ДЕВИЦА: Бидете грациозни и понизни, дури и ако се соочите со бурни мориња: на тој начин ќе успеете да ги надминете грубите зборови и да го спасите своето срце од кршење. Не ветувајте повеќе отколку што можете да постигнете, а емоциите чувајте си ги за во итимните одаи: на тој начин ќе го постигнете саканото совршенство.

ВАГА: И покрај неодамнешното финансиско фијаско, денес ќе успеете да си ја вратите надежта во една посветла иднина: човек не е роден само за да работи и да плаќа сметки, туку да ги поврзе сите спротивставени елементи и да постигне совршена среќа. Вие имате сѐ што ви треба: бидете храбри и љубете повеќе!

ШКОРПИЈА: Некои работи за сега се непознати и можеби најдобро е да останат такви: зошто би го забрзувале исходот на ионака несигурните работи? Самата природа е мистериозна, но функционира по точно утврдени правила, затоа најдобро ќе биде да не мрморите и да не ѝ се срдите на судбината. Бидете попонизни.

СТРЕЛЕЦ: Сега е време да се запрашате дали ги доживувате работите премногу сериозно, а со тоа и самите себе си: не плачете за истуреното млеко, бидејќи нема да направите ништо. Обидете се да штедите повеќе, без да бидете окривени дека сте циција: така ќе им ги затворите устите на злобниците и ќе се ослободите!

ЈАРЕЦ: Прекрасен ден за љубов, дружење и романса: можна е средба со некоја личност од романтичното минато, со која што ќе споделите многу убави зборови. Емотивно задоволни, ќе напредувате и на работен план, но и ќе најдете време да чистите, средувате, организирате и плаќате сметки.

ВОДОЛИЈА: Финансиската ситуација е нестабилна, но сметате дека набрзо ќе постигнете успех, особено ако почекате уште само малку: не сте далеку од вистината и вашата интуиција ви говори тајни, кои што ретко кој ги слуша. Елегантни, рафинирани и центрирани, имате голема фантазија и сакате да појдете некаде на пат.

РИБИ: Ако инсистирате да ги подобрите условите за живот, ќе треба да им помогнете на своите љубени: веќе подолго време го припремате теренот и ова е оној ден кога ќе го отстраните непотребното, задржувајќи го само она што има голема важност. Грижете се повеќе за своето здравје: вежбајте и хранете се подобро.

извор:нетпрес.ком.мк

To top