Фолк дивата Драгана Мирковиќ секогаш е под будното око на јавноста, а кога ќе се појави на некој јавен настан предизвикува интерес и внимание.
Меѓутоа, пејачката не сака јавно да ги експонира своите деца, ни својот сопруг.
Како што истакна во една прилика, нејзиниот син Марко кога бил помал и побарал од пејачката да не објавува повеќе негови фотографии во медиумите.
Пејачката ја почитуваше оваа желба, па така нејзините деца со години немаме прилика да ги видиме во некој магазин.
Мирковиќ, досега неколку пати истакна дека е пресреќна поради одлуката на нејзините деца да не се дел од јавниот свет бидејќи таа не би можела да поднесе нејзината деца да се јавни личности.
Иако последен пат Марко и Мануела се видени како деца, деновиве пејачката не издржа да не објави фотографија од нејзиниот син да покаже колку е горда на него што учествувал на хуманитарен настан.
Пејачката објави фотографија од Марко кој е во опрема за возење и не се гледа неговото лице, а во описот на истата напиша:
„Мојот син, мојата гордост, која почувствува потреба својата хуманост да ја покаже на дело. Факт е дека за своите млади години, кога повеќето од неговите генерации се свретни кон себе и своите потреби, покажа желба да им помогне на другите, а тоа направи да сфатам дека тој е зрел, несебичен, но пред себе добар, вреден и млад човек“ напиша Мирковиќ во описот на фотографијата.
За потсетување, синот на Мирковиќ неодамна го прослави совјот 18ти роденден, а по тој повод беше организирана луксузна забава во дворецот на пејачката.