Радио Милева

По Северина, Анастасија, Луна… Сега и Нашата Беквалац на гости во Скопје кај главниот мајстор по парче уметност! (фото)

По Северина, Анастасија, Луна… Сега и Нашата Беквалац на гости во Скопје кај главниот мајстор по парче уметност! (фото)

Српската естрада се почесто е на гости во Скопје, но не само за настапи, туку и по парче музичка уметност!

Плоштадите и дискотеките не се единственото место каде доаѓаат со цел заработака, пред да дојде до тоа, тие повторно се на македонска адреса, поточно во скопската населба Кисела Вода во студиото на макдонскиот композитор Дарко Димитров.

Неспорен е успехот кој го има музиката на нашиот плоден уметник, но во последно време во студиото на Димитров се чека ред за нов хит.

фото:инстаграм/дарко димитров

Само еден ултра успешен пример од поновите негови компонирани песни, е „Ране“ на Анастасија Ражнатовиќ, кој само за неколку дена постигна милионска гледаност на интернет каналот Јутјуб.

Дека Дарко е хитмејкетот, тоа добро и е познато на македонската естрада, но Србите максимално навалија.

Можеби не сте знаеле, но Димитров во голем дел е автор на музиката или аранжманот, како и продукцијата на песните на: Северина, Емина Јаховиќ, Дино Мерлин, Ана Николоќ, Каја Остојиќ, Александра Радовиќ, хрватската пејачка Јелена Розга, од поновите на Луна Ѓогани и Анастасија Ражнатовиќ и уште многу други…

фото:инстаграм/дарко димитров

Дарко не може глава да крене од работа, но кога ефектот и фитбекот е и повеќе од доволен, тогаш инспирацијата и тоа како работи, ма под полна пареа.

Имено, деновиве во неговото студио по парче музичка уметност дојде и новосадската барбика, пејачката Наташа Беквалац.

По примерот на своите колеги, и таа се реши да му ја препушти довербата за својата нова песна, ако не и цел албум.

фото:инстаграм/наташа беквалац

Моментот додека се во студиото го овековечија со фотографија за спомен, која се најде на Инстаграм профилот на пејачката.

Но, галеријата од вакви спомени со српските, хрватските, босанските, албанските соработници… Дарко ги има многу!

Јасно како бел ден е дека српската естрада најмногу „жнее“ во Македонија, но „семето е насадено“ повторно кај нас дома!

фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
фото:инстаграм/дарко димитров
To top