Живот и Стил

Зошто е важно да ги планирате оброците?

Зошто е важно да ги планирате оброците?

Понекогаш ви се чини дека пробавте сè, но килограмите не исчезнуваат, а тоа е затоа што не успеавте да го постигнете калорискиот дефицит, што е предуслов за ефикасно топење на маснотиите. За постигнување на калориски дефицит може да ви помогне вашето секојдневно планирање на оброците . Планирајте го секој оброк така што ќе се состои од здрави намирници, потребните хранливи материи, но исто така ќе содржи помалку калории отколку што навистина му е потребно на организмот. Покрај тоа, на дневна основа, планирањето на оброците ќе ви заштеди дополнително време.

Еве неколку совети, кои ќе ви помогнат правилно да го испланирате секој оброк и да постигнете калориски дефицит.

1. Вклучете хранливи намирници во вашите оброци

За да изгубите тежина, едноставно мора да внесувате помалку калории отколку што трошите, сепак, за да ги изгубите килограмите на здрав начин, покрај калорискиот дефицит, навистина е важно што и колку јадете. Важно е секој од вашите оброци да биде богат со витамини и протеини, исхраната нека се заснова на свежо овошје и зеленчук и обидете се што е можно повеќе да ги елиминирате преработените јадења и шеќери.

2. Обрнете внимание на комбинацијата на храна

Половина од вашиот оброк треба да биде не-скробен зеленчук, кој има малку калории, но е богат со витамини и минерали, неопходни за организмот. Една четвртина од оброкот е резервиран за протеини во форма на месо, или риба, а остатокот е исполнет со житарици, или зеленчук со скроб, што ќе му обезбеди на организмот протеини и растителни влакна. За ужинка секогаш јадете овошје, ореви или грчки јогурт. Оваа храна е богата со протеини и растителни влакна кои ќе ве заситат до следниот оброк.

3. Обидете се да се придржувате до планот

Сите сме решени да успееме додека сè друго е засновано на планирање, сепак, кога ќе се соочиме со првата пречка, најчесто се откажуваме. За успешно да се придржувате до планот, мора да го вклопите во вашата рутина. Планирајте го целодневниот оброк за време на викендот за да ги набавите потребните намирници. Во текот на викендот подгответе оброци за неколку дена во неделата, поделете ги во посебни садови и ставете ги во замрзнувач, така што секогаш ќе имате здрава алтернатива, дури и кога ќе бидете во трка со времето.

Со здравите и добро испланирани оброци, во својата рутина воведете половина час тренинг секој ден, а во рок од еден месец ќе ги видите првите резултати.

извор:попара.мк

To top