Проблемите со менструалниот циклус не се ретка појава. Без разлика дали се работи за неправилен циклус, болка, грчеви или тешко крварење потребно е да преземете нешто и да не си го ризикувате здравјето. Овој чај помага при лечење на вакви проблеми.
Состојки:
– 100 грама листови од ајдучка трева
– 100 грама суви цветови од невен
– 50 грама сушени листови од коприва
Две лажици од оваа мешавина прелијте ги со 500 милилитри врела вода. И оставете ги да отстојат во затворен сад. Консумирајте половина литар од овој чај наутро и уште половина литар попладне. Пијте го чајот два месеци а потоа направете пауза од две недели. Потоа продолжете додека не ги постигнете саканите резултати.
извор:нане.мк