Убавата актерка се појави во едно популарно шоу и зборуваше за нејзиниот наследник и неговата љубов кон модата и фустаните.
Синот на Меган Фокс не се откажува од љубовта што ја има за модата и покрај негативната реакција на неговите врсници од училиште кога ќе го видат во фустан.
– Тој честопати се облекува сам, сака фустани. Го испраќаме во многу либерално училиште, но дури и овде тој има можност да слушне осуди. Другите момчиња го напаѓаат и му велат дека момчињата не носат фустани и розова боја. Сепак, ние се обидуваме да всадиме доверба во него и да го охрабриме да може да носи што сака, без оглед на реакциите на околината – рече актерката.
Таа опиша кога тој еднаш се вратил дома откако поминал цел ден во фустан на училиште и кога го прашала како поминал, тој одговорил дека момчињата му се смеат, но дека тој не се грижи за тоа затоа што се чувствувал добро во облеката.
– Тој дизајнира и црта модни комбинации, многу е талентиран. Но, има само шест години, така што неговите идеи понекогаш се многу детски. Многу луѓе коментираа за фактот дека тој носи фустани. Реков дека не ме интересира нивното мислење и дека мојот син ќе носи што сака – одлучна е Фокс, додавајќи дека малиот Ноа не му штети на никој со тоа што носи фустан и затоа ќе го носи онолку колку што сака.
Ваквиот став на познатата актерка предизвика бурни коментари на социјалните мрежи, но таа спомена дека е смесна за тоа, но синот е нејзин, па ќе го воспитува и прави како што сака.