Пејачките кои се промовираат во „Ѕвездите на Гранд“, оние што победиле, но и оние кои испаднале, не секогаш ја имаат популарноста која им се предвидува.
Пејачкта Ана Севиќ денес може да се пофали со совршена фигура, фризура и шминка.
Меѓутоа, во периодот кога јавноста ја запозна, изгледаше сосема поинаку. Ана на пошироката народна маса се претстави во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Но, нејзиниот изглед во тоа време беше далеку поскромен, отколку денес. Тогаш многумина не и предвидуваа голем успех, меѓутоа, таа ги демантираше и изгради сјајна кариера.
Ана никогаш не криеше дека имала естетски операции. Призна дека вгради силиконски гради, а правеше естетски промени и на други делови од телото и лицето.