Пејачката Шакира изјави дека не ги гледа нејзините синови Милан и Саша повеќе од еден месец, поради густиот распоред на работни обврски.
– Понекогаш е многу тешко кога не можете да ги видите синовите еден месец или дури и повеќе. Ова е исклучително тешко. Но, во овие ситуации се повикуваме на „Фејстајм“, така што одржуваме постојана комуникација, што на крајот помага “, изјави пејачката пред странските медиуми.
Шакира нагласи дека сопругот Жерард Пике и помага во се’, а со него е во брак осум години.
– Немаме писмен договор со задачи и должности, но и двајцата сме многу вклучени во родителството и се обидуваме да го сториме најдоброто што можеме. Ние се поддржуваме едни со други и нашето семејство многу ни помага – рече Шакира.