За да ги намалите ваквите симптоми, но и за да си го подобрите расположението, обидете се секое утро да си го подготвувате овој напиток.
Доколку сте од оние што секоја година во периодот септември – ноември чувствуваат тегоби во организмот, се чувствувате уморно, депресивно и без желба да направите што било, не сте единствени. Ова им се случува на огромен број луѓе, но верувајте нема простор за паника. Ваквата состојба се случува затоа што на вашиот организам му треба одреден временски период за да се навикне нормално „да функционира” при промена на температурата од топло на ладно.
Сепак, за да ги намалите ваквите симптоми, но и за да си го подобрите расположението, обидете се секое утро да си го подготвувате овој напиток што ќе ви ја зголеми концентрацијата, ќе ви го подобри расположението и ќе ви го намали чувството на есенски замор.
За овој напиток се потребни следните состојки:
– 2 банани
– 200 мл млеко
– 50 грама брусница
– 1 лажица мед
Подготовка:
Препорачливо е да користите банани, кои се многу зрели па дури и презреани. Треба во блендер да ги ставите сите состојки и убаво да ги измиксирате. Со тоа, напитокот е готов и спремен за пиење.
Доколку го подготвувате секое утро, многу бргу ќе почувствувате позитивни промени во расположението, а ќе бидете и многу поенергични.
извор: слободен печат