Има различни рецепти за мусака, со тиквички, модар патлиџан, компири и месо, а овој е еден од најпрекрасните во морето рецепти.
СОСТОЈКИ:
- 1 кг. компир
- 2 главици кромид
- 400 гр. печурки
- 3 моркови
- 2 лажици масло
- 2 лажички вегета
- сол
- 1 лажиче црвен пипер
- 10 маслинки црни
ПОДГОТОВКА:
- Се лупи и сече компирот ситно, па се става во сад за печење, а потоа се лупи и сече ситно и морковот и се става со компирот, се додава малку вода колку да се покрие зеленчукот и се крчка на 200 степени половина час.
- Се пасираат печурките и се пржат на масло 10 минути, па се ставаат во компирот и морковот, заедно со сечените маслинки и зачини.
- Се става црвен пипер и се пече уште 15 минути.
извор: готви.мк