Радио Милева

Срцето ќе ви се стопи: Внуката на Шабан Шаулиќ ја пее најновата песна на Илда посветена на легeндарниот пејач

Срцето ќе ви се стопи: Внуката на Шабан Шаулиќ ја пее најновата песна на Илда посветена на легeндарниот пејач

Илда Шаулиќ вчера ја објави најновата песна „Солза“ посветена на нејзиниот починат татко, пејачот Шабан Шаулиќ.

Емотивната балада и интерпретацијата на Илда успеа да ја расплаче српската јавност, но и многубројни фанови на Шабан.

Коментарите за новата песна на Илда се позитивни и емотивни потенцирајќи дека солзите сами капат кога ја слушаат песнат.

Меѓутоа, она што е посебно емотивно е видеоснимката која ја објави Илда.

 

View this post on Instagram

 

❤️EMA❤️

A post shared by Ilda Saulic (@ildasaulic) on

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави видео од нејзината ќерка, внуката на Шабан како ја пее песната на легендарниот пејач.

Инаку, оваа песна на Илда и била понудена пред неколку години, но таа сега ја сними и објави.

„Песната првпат ја слушнав пред 10 години кога го подготвував својот прв албум, но тогаш не бев подготвена да ја пеам. По се што се случи, кога почнав да размислувам да се враќам на музичката сцена, прво се сетив на стиховите кои ги напиша Пеѓа Меденица.Му се јавив на Енџи Маровиќ да го прашам дали некој ја купил песната и испадна дека песната ме чекала повеќе од 10 години. Песната ја посветив на мојот татко, но бидејќи мислам дека секој има некој кого нема, мислам дека во неа многумина ќе се пронајдат“ вели Илда.

За потсетување, Шабан почина во февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.

To top