Во март, српската фолк sвезда, Александра Пријовиќ, со царски рез на свет го донесе својот син Александар , а лекарите ја советуваат да направи подолга пауза пред следната бременост, па затоа планира да ги послуша.
Пејачката веќе неколкупати изјави дека и е многу тешко да се разделува од синот поради работата.
– Мојот син сè уште не прозборел. Тој се обидува да каже нешто цело време, но сè уште не му оди. Ми рекоа дека околу осмиот месец ќе го изговори својот прв збор. Едвај чекам тоа да се случи што е можно поскоро. Тој секогаш се радува кога ме гледа, дури и кога само го слуша мојот глас, веднаш се смее – открива Прија.
Александра забележала дека малиот Александар е многу личи на неговиот дедо Боба.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/aleksandra-prijovikj-e-povtorno-bremena-ili-ne-e-ama-eve-koga-kje-bide-video/
– Филип и мајка ми го обожаваат, како и Брена и Боба. Неодамна, го гледав Боба како си игра со него, и додека го држеше во рацете, видов дека има многу сличности меѓу двајцата – рече Пријовиќ за српски „Информер“.