Во четвртокот во Вишиот суд во Нов Белград, Соња и Аца Лукас судски го завршија деветгодишниот брак. Тие се венчаа во 2010 година, а круна на љубовта беше нивната ќерка Викторија во 2011 година.
Поранешните сопружници откако заминаа секој на своја страна не комуницирале меѓу себе. Блиските пријатели истакнуваат дека биле решени да го испочитуваат судскиот договор и да се слушаат само кога е тоа потребно заради нивната ќерка Викторија.
Лукас и Соња го поминале првиот ден на слобода во кафеана до раните утрински часови, каде ги искажале емоциите во друштво на најблиските пријатели. Од една страна, Лукас ги започна своите нови момчешкиа ноќи во Црна Гора, поточно на местото каде со Соња ги поминале најубавите денови од нивната љубов, додека таа останала во Белград.
„Лукас бил со пријателите на една приватна прослава. Цела ноќ се шегувал како е среќен разведен човек и колку момчешките денови му пријаат. И се чинело дека е така се’ додека не го зел микрофонот в рака. Емоцијата со која ја отпеал песната на Шабан Шаулиќ „Заминуваш, ми уриваш сè“, говорела повеќе од 1.000 зборови дека сепак нбе му е сеедно.
Од друга страна, пријателите на Соња тврдат дека таа цела вечер ја минала во еден белградски ресторан каде првин вечерала, па нарачала песни од Брена.
„Соња дојде во ресторанот со неколку пријателки. После вечерата, таа ја повика музика на нејзината маса и почна да нарачува песни од Брена.
За разлика од Лукас, таа не ја симна насмевката од лицето. На крајот, оркестарот и го испеа и најголемиот хит на Лукас, „Лична карта“.