Македонската фолк пејачката која живее во Австралија, а работи под прекарот Соња – „Динамит“ го промовираше најновиот видео запис за песната “Невеста накитена”.
Стиховите за оваа песна се авторско дело на текстописецот Орце Зафировски, музиката ја компонираше познатиот саксофонист Зоран Стефаноски од Австралија, а аранжманот е на маестро Сашко Велков.
Пејачката која допатува специјално од најјужниот континент за да ги сними новите песни и видеа во Македонија, вели дека е презадоволна пред се’ од соработката со Сашко Велков, како и со другите музички соработници, а се надева дека истата ќе продолжи и во иднина.
Снимањето на овој спот се одвиваше на неколку преубави локации во Охрид, во соработка со ИН Продукција.
Во продолжение погледнете го видеозаписот за „Невеста накитена“: