Некогаш беше неверојатно луѓето помлади од 40 години да доживеат инфаркт, а денеска имаме пациенти на возраст од 20 и 30 години. Очигледно е дека работите излегоа од контрола, вели кардиологот Рон Бланкстајн од Бостон.
Што се случува кај мажите помлади од 40 години?
Во последните две децении порасна бројот на срцеви удари меѓу луѓето на возраст од 20 и 30 години. Лекарите имаат случаи на млади мажи на кои им дијагностицирале артеросклероза.
Поради што се ваквите лоши статистики? Научниците имаат четири теории.
Прекумерна дебелина
Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести, покажа дека мажите во период од 20 до 39 години имаат 82 отсто поголема веројатност да јадат брза храна од мажите постари од 60 години. Со оглед на тоа дека физичката активност е сè поретка и луѓето ги користат автомобилите наместо да пешачат, прекумерната дебелина е опасна појава.
Пушење
Стапката на пушење е двојно зголемена од минатиот век кај младите на возраст од 25 до 44 години.
Со само една цигара дневно личноста го зголемува ризикот од болести на коронарните артерии за повеќе од 50 проценти, покажа новото истражување. Луѓето кои мислат дека со електричните цигари ќе го намалат ризикот, се лажат. Ризикот од срцеви заболувања е за 40 % поголем од кај непушачите, а ризикот од мозочен удар за 71%.
Стрес
Луѓето на возраст од 22 до 39 години се склони кон стрес. Стресот го влошува воспалувањето на коронарните артерии, што може да доведе до згрутчување на крвта. Исто така може да доведе до покачен крвен притисок и лоши навики, вклучувајќи ја и лошата исхрана, прекумерното пиење и физичката неактивност.
Игнорирање на симптомите
Работите на кои треба да се обрати внимание се високиот крвен притисок, високиот холестерол, прекумерната тежина, дијабетесот, рекреативната употреба на дрога, пушењето, малку физичка активност, стресот, пиењето алкохол, нездравата исхрана.
Не можете да влијаете на генетиката, но можете да внимавате на горенаведените работи за да останете здрави и витални.
извор: кајгана