Паразитските инфекции може да се излекуваат со многу тревки. Првото нешто што треба на го направите во ваква ситуација е да ја подобрите функцијата на вашиот имунолошки систем а потоа да се ослободите од паразитите. Постојат неколку симптоми кои укажуваат на паразитска инфекција, а овие се најчестите.
1. Повторување на габични инфекции како кандида
3. Главоболка
4. Постојан глад
5. Хроничен замор
6. Нарушувања во расположението – депресија, анксиозност, суицидни мисли, раздразливост
7. Крварење на непцата
8. Голема желба за преработена храна и шеќер
9. Алергија и чувствителност на храна
10. Слабокрвност или недостаток од железо
11. Проблеми со кожата како акни, чирови, егзема, чешање, отоци и слично
12. Нервоза
13. Проблеми со дишењето
14. Триење на забите и лигавење за време на спиење
15. Проблеми со меморијата
16. Сексуална неспособност кај мажите, проблеми со месечниот циклус кај жените
17. Болки во зглобовите
18. Чешање, особено околу истата, носот и аналниот отвор
19. Трајни проблеми со дигестивниот систем
Можете да го исчистите вашето тело со помош на храна и тревки. Во продолжение погледнете со кои.
Свеж лук
Лукот е еден од најсилните природни антибиотици кој уништува над 60 видови габи и 20 видови бактерии. Тој ги уништува паразитите и ефективно ги контролира габичните инфекции. Лукот е и антиоксиданс кој ја спречува оксидацијата предизвикана од токсините од паразитите. Неговите активни состојки уништуваат паразити, амеби, едноклеточни организми и глисти. За најдобар ефект користете згмечен или користете сок од лук.
Каранфилче
Каранфилчето е тревка што е најмоќна против микроорганизмите. Оваа моќ најмногу доаѓа од кариофиленот кој навлегува во крвниот систем и ги уништува микроскопските паразити и нивните јајца. Каранфилчето се користи за третирање колера, маларија, туберкулоза и други паразити, вируси, бактерии и габи, вклучувајќи и кандида.
Ѓумбир
Ѓумбирот ја поттикнува дигестијата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Исто така се справува и со гасовите и гадењето кои се поврзани со појавата на паразити. Тој го поттикнува производството на стомачна киселина која уништува паразити и штити од инфекции. За да се ослободите од слуз користете свеж ѓумбир, а за проблеми со дигестивниот систем користете зачин.
Семки од краставица
Семките од краставица се одлични за паразити во дигестивниот систем. Тие содржат ензими кои ги убиваат овие паразити. За брзо чистење сомелете семки од краставица и додајте 1 лажица од нив во вашето смути.
Свежи семки од тиква
Природните масти кои ги содржат семките се токсични за јајцата на паразитите. Покрај тоа имаат состојка која ги парализира црвите па тие се „откачуваат“ од ѕидовите на цревата. Измелете семки од тиква и додајте ги во салати или смути.
Пробиотици
Кога се соочувате со паразити, потребно е да земате пробиотици навечер. Овде спаѓаат јогурт, кефир и кисела зелка.
Папаја
Би требало да избегнувате благо тропско овошје кога се справувате со паразити. Но, папајата уништува многу црви. Најдобриот дел од ова овошје се семките. Комбинацијата од мед и семки од папаја ги отстранува паразитите од стомакот. За најдобри ефекти, излупете го овошјето и оставете го да ферментира 24 часа во јаболков оцет. Потоа консумирајте 200 грама од овошјето и пијте околу 60 милилитри од течноста 4 дена. Можете и да ги измелете семките од една папаја, додајте лажица кокосово масло, 240 милилитри млеко од кокос и папајата. Изблендирајте ги состојките и пијте го ова секој ден во текот на една недела.
Куркума
Куркумата е најдоброто нешто што можете да го користите бидејќи помага во борбата против ракот и паразитите, го поттикнува зараснувањето на раните и го чисти вашиот организам. За подобро да се апсорбира, измешајте ја со кокосово масло и бибер.
Зелена лушпа од црн орев
Сушената и измелена лушпа од црн орев е богата со танин, органски јод и југландин. Црниот орев е користен со векови во борбата против паразити, а исто така ефективно ја збогатува крвта со кислород. Тој е ефективен против маларија, црви и габични инфекции. Му помага на телото да се исчисти од токсини и го намалува нивото на шеќер во крвта.
Пипер
Пиперот брзо ги уништува габите и паразитите, ја подобрува циркулацијата на крвта и го подобрува целокупното здравје. Исто така ја зголемува моќта на другите тревки. Можете да ги третирате паразитите во стомакот со комбинација од семки од тиква, ѓумбир и пипер.
Исто така важно е да спиете повеќе и да се одморите за да му помогнете на вашето тело да заздрави и да зајакне вашиот имунитет. Пијте многу вода и одвојте време за активности кои ќе ве релаксираат и ќе ви го зголемат нивото на енергија.
извор:кафепауза.мк