Пејачката Илда Шаулиќ во емисијата „Премиера“ откри дека снима песна посветена на нејзиниот починат татко, пејачот Шабан Шаулиќ.
„Беше тешко и емотивно, но со вистинска емоција. Многу ми е драго што таа песна која за мене е пишувана пред седум, осум години ја напиша Пеѓа Меденица“ вели Илда.
Илда откри во кој фазон ќе биде песната и како дошла до идејата со таа песна да се врати на музичката сцена.
„Јас на оваа песна се сетив пред неколку месеци и му кажав на мојот соработник Енџи Мавриќ : „Каде е она песна што за мене ја пишуваше Пеѓа?“ и тој ми oдговори: „Од каде се сети на тоа“. Му реков дека текстот е многу добар, така да средивме се што треба и песната е многу убава. Песната е балада и многу сум врзана за неа и посветена е на мојот татко и едвај чекам да ја слушнете. Едноставно се пронајдов во својата приказна, поврзано за својот татко, а сите ние во животот имаме некој кој го немаме“ вели Илда.
За потсетување, Шабан Шаулиќ почина во февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.