Јелена Карлеуша во еден луксузен ресторан, вчера го прослави роденденот на своите ќерки, Атина и Ника, кои на 7 септември наполнија 11 и 10 години.
За српскиот портал „Телеграф“, Јелена Карлеуша откри што нејзините ќерки посакале на овој ден.
„Со гордост можам да кажам дека моите ќерки се многу скромни и едноставни, девојчиња кои не сакаат ништо. Тоа се деца кои имаат се и кои не сакаат ништо. Тие посакаа прекрасна забава со многу другари и јас се потрудив да има им ги исполнам очекувањата. Се надевам дека е така“ вели Карлеуша и додава:
„Од мама ја добија целата организација, а татко им се погрижи да го овозможи тоа“ вели и објаснува дека на Атина и купила куфер со шминки, додека на Ника купила две вреќи со играчки кои Ника ги обожава.
Сопругот на Јелена, Душко Тошиќ не се појавил на роденденската забава поради неговите обврски во Кина.
„Душко е во Кина, има натпревар кој не можеше да не го игра, се враќа за 5,6 ддена, па така ќе има еден задоцнет роденден. Душко е прекрасен татко, навистина се труди секој ден на Атина и Ника да им изгледа како роденден. Тие се како другари“ вели Јелена.
За роденденот на своите наследнички, Јелена одбра бела комбинација односно бели панталони и сако, а нејзините наследнички се појавиле во бели фустани.