Живот и Стил

Топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки (фото)

Топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки (фото)

Септември е идеално време да ја обновите гардеробата и да го освежите својот шкаф со нови парчиња облека. Трендсетерките и блогерките веќе почнаа да ги покажуваат најголемите есенски хитови, па инспирирајте се од нив! Во продолжение следуваат 5-те модни комбинации кои предизвикаа најмногу внимание, а можете да ги носите секојдневно.

Кожните модели оваа сезона ќе бидат голем хит. Токму затоа нема да згрешите дури ни ако се облечете во овој материјал од глава до пети.

Розовата боја е водечка во оваа сезона. Иако не е карактеристична за есен, сепак оваа сезона e на врвот и заедно со сите други силни бои доминираат.

Ќе оставите силен впечаток ако ја комбинирате вашата омилена кошула и со змиски принт.

Широките панталони ќе бидат апсолутен хит ова лето. Заврзете ја кошулата и ќе имате многу впечатлив изглед.

И панталоните со висок струк и широки ногавици ќе бидат во тренд. Покрај нив, најдобро оди кошула со необичен крој.

извор:кафепауза.мк

To top