Боите имаат големо влијание врз нашата енергија, па некои од нив можат да направат да блескаме. Тие можат да ни ја подигнат самодовербата, да ни го смират вишокот енергија и да ни ја зголемат силата.
Во продолжение дознајте која боја го истакнува најдоброто од вас според вашиот хороскопски знак.
Овен – Црвена
Црвената боја ја истакнува душата на Овните и ги поттикнува нивната страст, иницијатива и енергија. Оваа боја на возбуда, ја поттикнува активната природа кај Овните, како и желбата за живот. Црвеното бара внимание, а Овенот е знак кој не сака да биде игнориран. Па, не е чудно што планетата на Овните (Марс) се нарекува „Црвена планета“. Со што повеќе нијанси на црвено Овните ќе се опкружат, толку поголема ќе им биде енергијата.
Бик – Зелена
Зелената боја го зголемува духот на Биковите и ја подобрува нивната врска со природата. Исто како зелените пасишта на кои пасат биковите, зелената боја се поврзува со растот и напредокот на овој хороскопски знак. Во пролет, кога се појавува зеленилото, врската на природата и Биковите се зајакнува.
Близнаци – Жолта
Инспиративната жолта боја го крева духот на Близнаците и ја поттикнува нивната љубопитност и мудрост. Оваа живописна боја сјае преку возбудливата и немирна природа на Близнаците. Имитирајќи го топлото сонце, жолтата боја ги осветлува и ги развеселува сите околу неа. Бидејќи е боја на умот и интелектот, таа ги зголемува менталната моќ и фокусот кај Близнаците.
Рак – Бела и сребрена
Овие бои ги поврзуваат Раковите со нивната интуиција и им даваат појасен поглед. Исто како што се светлата сребрена површина на водата или светлиот сјај на месечината, сребрената и белата боја се бои на интуицијата и чистотата. Тие ја зголемуваат чувствителноста и разбирањето кај Раковите, овозможувајќи им длабоко чувство на љубов.
Лав – Златна
Златната боја влијае позитивно на топлите срца на Лавовите, зголемувајќи им го позитивниот дух. Оваа боја со кралски сјај отсекогаш била боја на моќта и престижот. Не е ни чудно што Лавовите како кралеви на џунглата се привлечени од оваа возвишена боја. Златната боја им го овозможува потребното влијание на Лавовите и ја поддржува нивната дарежлива природа, како и оптимистичкиот поглед кон животот.
Девица – Зелена и кафеава
Овие бои им помагаат на Девиците да останат со двете нозе на земјата и да се фокусираат на напредокот. Кафеава боја претставува стабилност и го поттикнува стабилниот и методичен пристап кон животот кои го имаат Девиците. Зелената боја, која е боја на растот, им ја зголемува желбата за подобрување на Девиците.
Вага – Розова и сина
Овие бои им помагаат на Вагите да си ги отворат срцата и го омекнуваат нивното присуство. Бледите нијанси на овие бои им носат смирувачки и допадливи ноти на личностите родени во овој знак. Тие симболизираат ладно и лесно ветре, при што сината боја ја зголемува јасноста и рамнотежата, додека розовата ја поттикнува љубовната страна кај Вагите.
Скорпија – Црна
Темната и мистериозна црна боја им помага на Скорпиите да останат љубопитни и фокусирани. Црната боја претставува длабочина, која им ја зголемува желбата за талкање под површината на енергичните Скорпии, и им влијае да преиспитуваат сѐ во животот. Во западната култура, црната боја е поврзана со раѓањето и смртта и се смета дека оваа боја ја зголемува моќта за трансформација кај Скорпиите.
Стрелец – Виолетова
Бојата на духовноста и свеста ги поттикнува Стрелците да се свртат кон својата физичка страна, посветеноста и отвореноста. Како боја на изобилство, виолетовата им ја зголемува природната среќа и позитивната природа на Стрелците, како и нивната желба за потрага по нови хоризонти.
Јарец – Кафеава и сива
Земјената боја, како и сивата им помагаат на Јарците да го пронајдат најпрактичниот пат во нивниот живот. Овие силни природни бои ја зголемуваат солидарноста, самодовербата и традиционалноста кај Стрелците. Како екстремна комбинација од црна и бела, сивата боја ја поттикнува конзервативната природа на Јарците, како и нивниот сериозен пристап кон животот. Кафеавата боја која претставува стабилност, може многу да влијае врз одлучноста на Јарците кои се стремат кон своите цели во животот.
Водолија – Сина
Оваа смирувачка боја им помага на Водолиите да ја балансираат нивната енергија. Исто како и небото и водата со кои Водолиите се поврзани, сината боја претставува широчина и овозможува непрекинат тек на идеи, разговори и експерименти. Интересен податок: Планетата на Водолиите – Уран, е исто така сина.
Риби – Светлозелена
Како боја на животот, светлозелената боја претставува обнова и инспирација, која ја поттикнува позитивната енергија на Рибите по која се познати, како и поврзувањето со нивната свест.
извор:кафепауза.мк