Живот и Стил

Кралот на диетите: Сок од 3 моќни намирници пред кои килограмите се топат

Кралот на диетите: Сок од 3 моќни намирници пред кои килограмите се топат

Губењето на килограми е процес во кој треба да се обврне внимание на голем број фактори. Освен физичката активност и контролираната диета која никако не вклучува гладување, во овој процес можат да помогнат и мали нутриционистички трикови.

Еден од нив е сокот од три моќни состојки кој ефикасно го намалува чувството на глад, го забрзува метаболизмот, обезбедува енергија и му помага на телото да ги исфрли вишокот маснотии.

Пијалокот од јаболков оцет и медот е стар сојузник во губење на килограмите, а сега му се придружува и грејпфрутот, кој, меѓу другото, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и ефикасно ги разложува мастите.

Состојки:

– 1 чаша сок од свеж грејпфрут
– 2 лажички јаболков оцет
– 1 лажичка мед

Подготовка:

1. Измешајте сè добро додека состојките целосно не се поврзат.

2. Сокот пијте го пред сите три големи оброци (доручек, ручек, вечера).

3. Постапката повторете ја секој ден, 7 дена по ред, потоа направете пауза од една недела и повторете ја постапката.

4. Ако не ја поднесувате горчината на грејпфрут, секој втор ден заменете го со сок од свеж портокал.

извор: република.мк

To top