Пејачката Даниела Кариќ се породи денес во Белград и го донесе својот син на свет.
Данијела Кариќ се породи со царски рез, во белградската породилна болница „Народни фронт“, а бебето е тешко 3800 грама.
Шармантната пејачка и нејзиниот сопруг, кореограф и танчер Иван Милеусниќ, му го дадоа името Максим.
Максим има латинско потекло, потекнува од презимето Максиминијан, кое е изведено од зборот „максим“ што значи „најголем“.
Породувањето поминало во најдобар ред, и мама и бебето се чувствуваат добро.
За Иван Милеусниќ е прво дете, додека за Даниела е третото. Наследниците на пејачката Моника и Филип се исто така пресреќни за раѓањето на нивниот брат.