Живот и Стил

Фармерките од 80-тите се омилен модел за оваа есен

Фармерките од 80-тите се омилен модел за оваа есен

Kвалитетен, удобен, но и трендовски пар фармерки е основа на добар outfit, особено кога станува збор за преодни периоди, па време е полека да се подготвиме за претстојната есен и да ја збогатиме гардеробата со актуелните трендови, кои се вратија на голема врата директно од 80 и 90-тите години.

Оваа сезона ќе носиме фармерки со рамен крој, како и baggy jeans, кои на многу девојки одлично им стојат.

Baggy фармерките оваа сезона се со висок крој и over. Овој тип на модел е многу популарен, и совршено се комбинира со шик блузи со балон ракави и чевли со високи потпетици за да изгледате необично тренди.

Фармерките со рамен крој се исто така со висок струк, затоа што оваа сезона фокусот е дефинитивно на тенката половината и раскошните колкови, и малку пошироки ногавици кај глуждовите, каде што се исечени рамно. Овој модел, исто така, би изгледал малку поелегантен со чевли на високи потпетици, а совршени се кога се комбинираат со сако.

извор:попара.мк

To top