Живот и Стил

Влегол во уништен реактор во Чернобил и ја видел сцената од кошмарите! (видео)

Влегол во уништен реактор во Чернобил и ја видел сцената од кошмарите! (видео)

Инстаграмџијата Нил Ансел кој под името “Abandoned Explorer“ се занимава со истражување на напуштените места својот најнов проект одлучил да го сними во Чернобил.

Кога ги посетил остатоците од нуклеарните електрани и ги засведочил со фотографии и снимки, нашол нешто многу вознемирувачко.

Нил влегол во една од кулите за вода која ја користеле за ладење на реакторите, но и во самиот реактор со број пет, еден од оние кои не биле користени воопшто.

Една од најстрашните работи која ја сретнал таму биле коски расфрлени по земјата, а меѓу нив се наоѓала и гас маска поради која може да се заклучи дека станува збор за човечки коски, но Нил потоа утврдил дека станува збор за коски од животно.

„Не знам на кое животно би можело да припаѓаат. Што и да е, имало големи коски. Ова е навистина чудно место за пронаоѓање на многу коски“ – изјавил тој.

Реакторот број пет за време на експлозијата бил штотуку изграден, бил 70 отсто завршен, но по несреќата бил и напуштен, а Нил во него пронашол и дигалка која била во во процес на распаѓање.

Го изненадил факот што пронашол дрво кое што расте околу реакторот, но и присуството на кучиња скитници.

Инаку, животните кои се наоѓале околу ректорот четири кој што експлодирал морале да бидат убиени за да се спречи ширењето на радијацијата.

извор:точка.ком.мк

To top