Живот и Стил

Македонски одмор: Фаќај боја на покрив и тен покрај писта (ФОТО)

Македонски одмор: Фаќај боја на покрив и тен покрај писта (ФОТО)

Статистичарите пресметаа дека ова лето, за жал  над 60% од граѓаните  во Македонија не можат да си дозволат да заминат некаде на летен одмор!

Весна – Бејби Петрушевска дури и со отворен статус на социјалните мрежи кои го пренесоа и медиумите, му се обрати на премиерот Заев дека и таа е една од оние што не можат да си дозволат годишен одмор!

Ама затоа овие две Македонки најдоа алтернативно решение. Ако нема можност за на море има за на покрив! Ем си најблизу до дома, ем најблизу до сонцето, ем никој не ти пречи и не може да те види, освен… Соседите од повисоките катови од околните згради и оние со дроновите!  Ама нејзе баш и е гајле, ионака другите се криви што ѕиркаат по туѓ покриви!

Оваа другата имала нешто пари, ама само да стаса за до аеродром… Не до скопската населба, туку до оној меѓународниот во скопски Петровец. Авиобилетите се ионака во сезона скапи, како и паркингот… Ама, кога веќе го платила паркирањето на возилото и самата си се испаркирала покрај него. Ситуацијата е како солза чиста – фаќај тен покрај авионска писта!

To top