Радио Милева соња ги сака милионите на брена?

Аца Лукас тврди дека неговата бивша жена Соња, сака ќерката од првиот брак да им ја упика за снаа на Брена и Боба

Аца Лукас тврди дека неговата бивша жена Соња, сака ќерката од првиот брак да им ја упика за снаа на Брена и Боба

Аца Лукас тврди дека неговата поранешна сопруга Соња Вуксановиќ се обидува да ја омажи својата ќерка Софија со синот Лепа Брена и Боба Живојиновиќ! Фолкерот вели дека таа има фикс идеја дека нејзината наследничка, кој ја добила од првиот брак, со пејачот Жељко Шашиќ, треба да стане сопруга на Виктор Живојиновиќ, само за да добие дел од семејното богатство на Брена и Боба!

Лукас одлучил да ги изнесе сите валкани игри на Соња, па напишал дека таа сторила се’ за да ја натера нејзината ќерка да го заведе младиот Виктор, но дека Брена и Боба не дозволиле таа врска да стане сериозна.

„Стоп! Затворено! Не ги примаме оние што не ни требаат ни до портата, а камо ли во семејството. Овој последно одбивање се нарекува Викторстоп! Затоа, збогум, не ни требате, обидете се некаде на друго место, на некоја друга порта! Кое е ова тројно одбивање?!“

Лукас тогаш алудираше на тоа дека Виктор многу брзо сфатил какви се намерите на Софија и Соња: „Но Виќа ги прочита, лоцираше, идентификуваше, го прошета тројанскиот коњ неколку круга, чисто за да ја испочитува  формата и на овој последен влез стави знак – Стоп!“

Софија и Виктор се дружат уште од мали, а минатата година медиумите објавија дека биле заедно неколку месеци. Интересно е и тоа што Лукас ја обожаваше ќерката на Шашиќ додека беше во брак со Соња, а ова е првпат да удри по неа.

Фото: Дамир Дервишагиќ/Инстаграм

To top