За Стефан од „Некст тајм“ годишното време не прави некоја разлика кога е во прашање спортувањето и вежбите во теретана.
За оние кои пред доаѓањето на топлиот период вежбале, летото е резервирано за покажување на резултатите, особено на плажа. Но, за Стефан ова правило не важи, бидејќи е константен во салата за вежбање без оглед на временските прилики и неприлики.
Некои би рекле дека џабе вежбање ако тоа не се покаже, па така и пејачот!
Кај него нема пауза од тренинг во лето, но исто така нема ни пропуст кога е во прашање разголувањето и покажувањето на мускулестото и дефинирано торзо.
Ова лето во фокусот не е неговата понежна половина, туку тој и никој друг- дури и на фотографијата од плажа која ја објави на неговиот Инстаграм.
Стефан редовно ги „чести“ обожавателките со нови секси фотографии, а тие тешко да останат рамнодушни и да не му напишат некој ласкав коментар.
Инаку, поериодов „Некст тајм“ се доста активни кога се настапите во прашање, но по работа мора и одмор за нови сили и предизвици.