По неколкуте летни дестинации покрај море каде што отпатува, манекенката Катарина Ивановска се стационираше во Скопје, но за тоа имаше убава причина.
Имено, таа во еден скопски ресторан ги собра најблиските и пријателите, а поводот беше нејзиниот роденден.
Бидејќи во нејзиното друштво речиси сите се остварени родители, па на прославата имаше многу дечиња кои дополнително ја разубавеа прославата.
Катарина на својот Инстаграм објави неколку моменти од роденденот, каде од присутни беа и Тамара Тодевска со Хана, Миа Костова со Андрија, Панчо ДНК и други.
Иако е бремена, славеничката е доста активна трудница која не седи во место.
Убавите моменти ги овековечија со неколку фотографии, а тортата беше изненадување од семејтвото заедно со букет цвеќе.
Инаку, Катарина наполни 31 година и накоро по вторпат ќе стане мајка, а полот на бебето засега е непознат. Дали ќе биде братче или сестриче за малиот Вања, останува да видиме…