За многумина во Драчево берберот Фуфо е добро познат како човек кој „кисне“ по обложувалници. Тој чекаше само еден гол на Манчестер Јунајтед на натпреварот против Вулверхемптон во 2. коло од Премиерлигата за да си добие 11.000 евра. Шанса му се отвори во 68. минута кога „Црвените ѓаволи“ добија пенал… Но, истиот не успеа да го реализира францускиот репрезентативец Пол Погба. Тоа значеше огромна лутина кај бербер Фуфо, кој збесна како рис па со тупаница го искрши телевизорот во обложувалницата, каде со пријателите го очекуваше толку посакуваниот погодок Јунајтед.
Видео: Екипа.мк