Повеќето дами одбираат да поспијат повеќе наутро отколку да се разбудат порано и да одберат шик комбинација. Но, наредната сезона не мора да биде така! Спротивно од популарните верувања, вашите секојдневни парчиња облека можат да бидат тренди, без разлика дали станува збор за класична маица, мантил или панталони, сè додека знаете како да ги искомбинирате. Покрај тоа, важно е тие да бидат разновидни и едноставни за да можете да ги носите на работа, па и во вечерните часови.
Денес ви презентираме 8 парчиња облека кои одговараат на сечиј стил, и на кои треба да обрнете внимание оваа есен, која само што не пристигнала.
1. Тренч мантил
Кога ќе инвестирате во добар тренч мантил, ќе ја разберете неговата моќ. Ваквиот мантил никогаш нема да излезе од мода, бидејќи покрај добриот стил, има и одлична функција за време на дождливите денови и го комплетира секој стил.
2. Волуменозен џемпер
Овде не станува збор за трикотажа која визуелно ќе ве „проголта“, туку за моделите „балон“ ракави. Балансирајте ги овие детали со тесна кошула или маица која ќе ја облечете одоздола, и со широки панталони или здолниште.
8 основни парчиња облека кои треба да ги имате за оваа есен
3. Кожни панталони
Панталоните од вештачка кожа се наједноставниот начин да ја зачините вашата типична „униформа“ која се состои од фармерки и џемпер. Исто така, тие се удобни и уникатни.
4. Тенка ролка
Можеби есента не е за дебели џемпери со ролка, но тенките блузи со сигурност се пригодни за ова годишно време. Тие совршено ќе се вклопат со панталони, здолниште, па дури и под фустан со кој ќе изгледате одлично.
5. Карирано здолниште
Карираниот дезен, е дезен на есента, како што цветниот е на пролетта. Можеби сте го виделе многупати, но тој е одличен за секоја прилика, и е лесен за комбинирање. Кога имате вакво здолниште, вашите модни хоризонти можат да се прошират и да го олеснат дотерувањето.
6. Скроен блејзер
Секоја дама треба да поседува скроен блејзер, а есента е одлично време да инвестирате во ова парче облека.
7. Свилена панделка за коса
Панделките се голем есенски тренд, но и еден од најстарите и наједноставните трикови да го претворите вашиот целокупниот стил во елегантен и женствен.
8. Чевли со викторијански детали
Секоја есен сме во потрга по совршениот пар чевли или чизми кои ќе ги носиме сè до пролетта. Оваа година тоа се чевлите инспирирани од викторијанскиот стил. Ваквите потпетици сигурно ќе одговараат на вашиот моден вкус.
извор: кафапауза.мк